Трет „Т’к Так фест“ во Кавадарци во спомен на Трајко Каров

Од:

Во Кавадарци вечер ќе се одржи третиот фестивал „Т’к Так фест“ на кој ќе настапат македонски изведувачи и групи. Фестивалот  се организира во спомен на тапанарот Трајко Каров и ја продолжува неговата мисија – да промовира само македонска музика и млади бендови.

На годинашниот „Т’к Так фест“ ќе настапат „Нокаут“, новинарскиот рок-состав „Репортерс“, минатогодишните победници – бендот „Ептен“, младите кавадаречки рок-надежи „Џоа бенд“, како и диџеите Фрик и Лако. Со 45-минутно стендап шоу премиерно во Кавадарци ќе настапи актерот Сашко Коцев.

Покрај ревијален, фестивалот и оваа година ќе има натпреварувачки дел на кој демо бендовите од Македонија ќе се тркаат за гран-при наградата „Трајко Каров“, која е во вредност од 30.000 денари и се доделува на најдобриот тапанар.

– Чест и задоволство ни е што и годинава ќе имаме можност да им понудиме на кавадарчани, но и на граѓаните на цела Македонија, одлична забава. Имаме одлична програма, со интересни и звучни имиња, шоумени и врвни музичари, соопшти организацискиот одбор на „Т’к Так фест“, кој ќе почне во 21 часот на базенот „Ал Пачино“ во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кавадарци ја задави својата партнерка

Пожар во старски дом во Кавадарчко, евакуирани 30 станари

Катерина Ѓуровски

Обвинение за каварадчанката која со чекан ја уби мајка си, била со намалена пресметливост

Катерина Ѓуровски

Се бара изградба на обиколница во Кавадарци за да се намали загадувањето на воздухот

А1он

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Маж од Кавадарци задобил тешки повреди на работното место