Трамп го врачи првиот претседателски трофеј на сумо борач

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го врачи пехарот, наречен Претседателски трофеј, познат како „Трамп куп”, на победникот во дуелот во сумо борење, на кој присуствуваше и премиерот на Јапонија, Шинѕо Абе.

-Вечерва во Токио, Јапонија, на стадионот „Ригоку Кокугикан”, имав чест да го врачам првиот американскиот Претседателски куп на сумо шампионот Асанојама. Честитки! Сите одлично се проведовме, благодарам Шинѕо Абе, напиша Трамп на Твитер.

Според американски медиуми, можноста Трамп да го врачи трофејот на победникот на натпреварот во сумо борење е дел од јапонската „шлаканица офанзива”.

Пред натпреварот, Абе и Трамп беа на терен за голф, каде што домаќинот го послужи гостинот со чизбургер, а потоа двајцата присуствуваа на стадионот „Ригоку Кокугикан“.

Околу 11.500 луѓе беа присутни на арената каде што се одржа натпреварот, а победникот доби огромен пехар со орел на врвот.

Белата куќа соопшти дека пехарот тежи околу 30 килограми и е висок 137 сантиметри.

Според американски медиуми, Абе се обидува да го „омекне” Трамп сред трговските тензии помеѓу Јапонија и САД.

Трамп претходно и се закани на Јапонија со нови давачки за увоз на автомобили и авто делови. Американскиот претседател рече дека ќе воведе нови царини ако Јапонија и Европската унија не направат отстапки за Америка.и

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски