Торино домаќин на Евровизија, според италијанските медиуми

Од:

Изборот за песна на Евровизија следната година ќе се одржи во италијанскиот град Торино, објавија неколку западни медиуми.

Неколку италијански градови, меѓу кои и Рим, Милано и Фиренца, се кандидираа за домаќин на натпреварот, но според последните наводи, шоуто 2022 година ќе се одржи во Торино, северна Италија. Европската радиодифузна унија и италијанскиот јавен радиодифузер „Раи“ кои го организираат натпреварот се очекува да ја потврдат одлуката во текот на денов.

Италија стана земја домаќин на популарниот музички натпревар за 2022 година, откако италијанската рок-група „Манескин“ победи на овогодишното издание.

Би можело да ве интересира

Норвежаните го избраа својот претставник за Евровизија

Младиот пејач Оли победи на Сан Ремо со песната Носталгија

Предраг Петровиќ

Русија прави своја верзија на Евросонг

А1он

Молдавија се повлече од Евровизија само неколку дена по аудицијата на националното натпреварување

А1он

Преживеана од нападот на Хамас ќе го претставува Израел на Евровизија

А1он

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг