Топ шест единствени божикни панаѓури

Од:

Декември веќе е на прагот, а голем број европски градови веќе блеснаа во духот на претстојните божикни празници.

Некои од нив изгледаат како мотиви од зимски бајки и токму затоа хотелскиот пребарувач Триваго објави листа од шест единствени божикни панаѓури, кои вреди да се посетат во текот на декември.

За сите љубители на вареното вино и божикните сувенири овие панаѓури се идеално место за вистинско алпско доживување.

1. Божикен панаѓур Шварцвалд – Баден -Баден, Германија

Период на траење: Викенд 29.11.-21.12.2014

Сместен под импресивниот вијадукт во германскиот мистичен Шварцвалд, ова гратче или како што некои го викаат, божикно село, привлекува повеќе од илјада посетители секоја година. Овој магичен панаѓур, кој е скриен во падините на долината на посетителите им го нуди вистинскиот вкус на мистериозниот Шварцвалд или црна шума, една од најпопуларните германски дестинации. Панаѓурот нуди специјална програма за деца, што е одличен избор за сите семејства.

2. Божикен панаѓур на езеро – Езеро Милстатер, Австрија

Период на траење: 19.11.-21.11.2014

На оддалеченост од еден час северно од австрискиот град Филах се наоѓа езерото Милстатер (Millstatter See), кое претставува сликовита точка високо во Алпите. Опкружен со високи снежни планини и стрмните брегови на езерото, овој живописен пејсаж потсетува на фјорд. Во зимските месеци гратчето се претвора во вистинска бајка и станува едно од најубавите божикни панаѓури во регионот.

3. Божикен панаѓур во пешетерата Велвет – Валкенбург ан де Геул, Холандија

Период на траење: 14.11.-23.11.2014

Валкенбург кој често пати го викаат скриен скапоцен камен на Холандија, е живописно село во близина на Мастрихт во јужниот дел на земјата. Овој божикен панаѓур е еден од најстарите подземни панаѓури во Европа, кој се оддржува во огромната Велвет пештера, сокриен под впечатливиот Валкенбург замок.

Оваа необична пештера може да се пофали со капела од 18. век. која со голем број орнаменти дава единствена празнична атмосфера. Низ Валкенбург, исто така поминува божикна парада и тоа секоја среда и сабота.

4. Божикен панаѓур во паркот Тиволи – Копенхаген, Данска

Период на траење: 15.11.2014 – 4.01.2015

Позната знаменитост која се наоѓа во срцето на Копенхаген, забавниот парк Тиволи Гарденс првпат е отворен во далечната 1843 година и последните 21 година е домаќин на познатиот дански божикен панаѓур. Секоја година од средината на ноември овој парк прима гости кои можат да уживаат во традиционалното алпско село, паркот на ирвасите, музичкиот хор и секако во свечената храна и пијалок.

5. Божикен панаѓур на железничката станица – Цирих, Швајцарија

Период на траење: 20.11.-24.12.2014

Еден од најнеобичните, а секако еден од најпознатите швајцарски божикни панаѓури се одржува на необична локација – на главната железничка станица во Цирих. Не само патниците и случајните минувачи ја исполнуваат оваа волшебна атмофера, туку и над 150-те божикни тезги, го прават Zurcher Christkindlimarkt еден од најголемите и најубавите затворени панаѓури во Европа. На централната локација на железничката станица се наоѓа богато украсена новогодишна елка која секоја година привлекува илјадници љубопитни гости.

6. Божикен панаѓур во селото Дедо Мраз – Рованијеми (Лапонија), Финска

Период на траење: отворен во текот на целата година

Која подобра божикна локација можете да ја посакате од Рованијеми, главен град на најсеверниот фински регион Лапонија, кој истовремено е и роден град на Дедо Мраз. Селото на Дедо Мраз се наоѓа во арктичкиот круг, а отворено е во текот на целата година, што на посетителите им дава можност да уживаат во божикниот дух во кое било време од годината. Во овој музеј на отворено кој се простира на 400 квадратни метри, гостите можат да уживаат во финската божикна традиција, додека децата се забавуваат во фабриката за играчки со популарните божикните виленици или пак во сликање со Дедо Мраз.

Би можело да ве интересира

Обичаи за вториот ден од Божиќ: Заблагодарете се на Богородица

А1он

Познати личности кои слават Божиќ на 7 јануари

А1он

Мицкоски во Божиќната честитка: Раѓањето на синот Божји ја симболизира надежта за подобро утре

А1он

Ковачевски со честитка за Божиќ: Раѓањето Христово е симбол за нов почеток, за нови можности што носат добро за сите!

А1он

Православните христијани го слават Христовото раѓање

А1он

(ВИДЕО) Зечевиќ за Божиќ: Симболот на раѓањето нова надеж, нека биде поттик за добри дела и нова можност за сегашните и идните генерации

Предраг Петровиќ