Том Круз во спектаклот „Мумијата“, ФХ3Х дел од ефектите во филмот

Од:

Македонската компанија за анимација и визуелни афекти ФХ3Х учествуваше во изработката на визуелните афекти во филмот „Мумијата“ со Том Круз во главната улога кој од вечерва ќе започне да се прикажува во Скопје.

Станува збор за најновото продолжение од франшизата филмови за древната легенда за мумијата која ги фасцинира сите култури од почетокот на цивилизацијата.

Еден од основачите и сопствениците на ФХ3Х Кристијан Даниловски изјави дека на овој проект работеле околу 120 артисти во периодот од октомври минатата година до мај годинава.

– Филмот носи изненадувачки интензитет и адреналинска возбуда и на еден нов начин не води низ светот на боговите и чудовиштата префрлувајќи не од песочните дини на Средниот Исток до тајните лавиринти од модерниот Лондон, вели Даниловски за филмот.

Оваа нова спектакуларна кинематографска верзија за мумијата ја раскажува приказната за принцезата Ахманет (во улога на Софија Бутела) која е разбудена од својот вечен сон во гробницата далеку под пустинските дини, а актерската екипа ја предводи Том Круз.

Премиерата на филмот „Мумијата“ е вечерва во киното „Синаплекс“ во 20:00 часот.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ