Том Хенкс им го плати оброкот на сите гости во ресторан

Од:

Вечниот позитивец на Холивуд, Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон им го платија оброкот на сите гости во ресторанот за брза храна во Калифорнија, „Ин-ен-Аут“ каде што и тие ручаа.

Притоа тој и се сликаше со бројни свои обожаватели кои потоа „ги преплавија“ социјалните мрежи.

Глумецот едноставно сака да се дружи со луѓето кои го почитуваат како уметник и како славна личност. Познат е случајот кога во 2016 непоканет упадна на свадба и на младенците им го направи денот уште поубав со своето изненадување; или пак, кога го посети уметникот кој му посветил уметничко дело нему.

Во 2018 година го немаше во ниту еден филм, а во 2019 година обожавателите ќе имаат можност да го погледнат во биографската драма за Фред Роџерс и да го чујат неговиот глас во четвртиот дел од „Приказната за играчките“.

Би можело да ве интересира

Том Хенкс ја доби Златната малина за улогата во филмот „Елвис“: Најлошиот актер и најлошото „латекс лице“

Том Хенкс: Киното ќе преживее, но ќе има големи промени

Втора недела од домашниот карантин, Том Хенкс ја информираше јавноста за неговата здравствена состојба

А1он

Том Хенкс објави нова фотографија, трет ден од домашниот карантин заедно со неговата сопруга

А1он

Симпсонови ја предвидоа и самоизолацијата на Том Хенкс

Aleksandar Petrovski

ВИДЕО: „Убавиот ден во соседството“ е најновиот филм на актерот Том Хенкс кој ќе ви го стопли срцето

А1он