Секоја мајка се почувствувала непријатно и сакала да ја избегне мајката што ја сретнала во парк. Постојат неколку типови на мајки кои сакате да ги избегнете.
Совршена мајка
Мајка чие дете има најскапи играчки, јаде само органска храна и во секој момент изгледа совршено. Таа иако првпат ве гледа ќе си дозволи да ви каже каде грешите во воспитувањето на своето дете.
Мајка која осудува
Овај тип на мајка секогаш ќе најде начин да ве осуди поради нешто. Ќе го спореди вашето дете со своето и ќе потенцира дека нејзиното дете побрзо напредува.
Депресивна мајка
Мајка која во секоја позитивна работа гледа негативни фактори не е најдобро друштво. Таа во секој случаен минувач гледа киднапер на деца или дека на детето може да му се случи нешто страшно додека игра во песокот.
Мајка на која и е тешко
Мајка која постојано се жали. Незадоволна е од бракот, детето, здравјето, времето, всушност од целиот свет.