Лесно е да се занемарат некои работи кога имате впечаток дека сте ја нашле личноста на вашиот живот, која изгледа како да е совршено создадена за вас.
Меѓутоа, верувањето во сопствените инстинкти на почетокот на врската може да ве спаси од големи проблеми подоцна, наведува „Хафингтон Пост“ објавувајќи листа на девет видови на луѓе, кои, според експертите, едноставно „не се материјал за брак“.
Недоверливо лице
Имате многу заеднички нешта и никој не може да оспори дека постои хемија меѓу вас. Не можете да го дочекате следниот состанок, но речиси е невозможно тој или таа да одвои време за вас. Последна работа која ви треба е некој кој влегува и излегува од вашиот живот, но не сака обврски, смета Бренда Дела Каса, авторка на книгата „Пепелашка била лажга: Вистинските причини зошто не можете да го најдете (или задржите) принцот“.
Тип кој пребрзо сака се
Вие сте на третиот состанок и веќе ви ги дал/а клучевите од станот. Следете го чувството кое ви зборува полека да се оддалечите од такво лице, советува Ејми Ван Доран, професионална стројничка.
Себични луѓе
Добриот партнер или партнерка е великодушен/а и е подговен/а да го слуша вашето жалење од работата. Ако забележите дека лицето со кое се гледате не ве поддржува во целост, добра идеја е да го „паузирате“ односот, смета инструкторот за љубовни состаноци Џефри Плетс.
Критичар или критичарка
Се чини дека со вакво лице никогаш не можете да кажете ништо точно. Стројничката Џули Гајен вели дека во вистинските врски се преговара со компромис, емпатија и способност за разбирање на другото лице.
Следбеник или следбеничка
Таа или тој одобрува се што ќе предложите и времето кое не го поминувате заедно едноставно не постои. Гајен вели дека ви е потребен партнер кој е подготвен на компромис, а не некој кој ви овозможува да го преземете водство во секоја одлука.
Нарцисоидно лице
„Или ќе биде по мое или нема да биде“. Така стојат работите со нарцисоидните луѓе. Таа или тој не може да признае кога погрешил/а, или има испади кога други ќе се обидат да ги наметнат своите потреби. – Јасно е дека тоа не се квалитети кои ги барате кај долгорочен партнер, вели Дела Каса.
Лице кое често ги менува работните места
Не отпишувајте некого само затоа што во моментот ја менува кариерата. – Меѓутоа, ако лицето со кое се гледате е константно невработено, добива откази или ја менува работата на неколку месеци, тоа може да биде знак за поголем проблем, вели Дела Каса.
Лице кое претерано реагира
До расправија и неслога доаѓа во секоја здрава врска. Меѓутоа според Плетс, ви треба лице кое може да се расправа чесно, а не некој кој претерано реагира и на најмало несогласување.
Волк самотник
Важно е двајцата да имате живот надвор од врската. Но, според мислењето на Ван Доран, ако сте со лице на кое добро му е да е само, тоа сугерира дека нема да му требате во животот. Сфатете го тоа како знак за излез од врската.