Тијана вечерва настапува на Евросонг

Од:

Во данската престолнина Копенхаген, вечерва се одржува втората полуфинална вечер од најголемото музичко натпреварување во Европа, Евровизија, на која ќе настапи нашата претставничка Тијана Дапчевиќ.

Таа, заедно со придружните вокали – сестра и Тамара, Димитар Андоновски и Пере од „Нокаут“ со песната “To the sky” ќе настапат единаесети по ред во втората полуфинална вечер.

Годинава вкупно 37 земји се дел од ова натпреварување, односно во првата полуфинална вечер се натпреваруваа 16 држави, додека вечерва ќе настапат претставниците на 15 земји.

Во големото финале на 10 мај ќе настапат десетте песни со најмногу бодови од двете полуфинални вечери, земјата-домаќин, Данска, како и земјите од големата петорка: Велика Британија, Шпанија, Германија, Франција и Италија.

Вечерва, освен Тијана, ќе настапат и претставниците на Малта, Израел, Норвешка, Грузија, Полска, Австрија, Литванија, Финска, Ирска, Белорусија, Швајцарија, Грција, Словенија и Романија.

Билет за настап на големото финале веќе обезбедија Унгарија, Ерменија, Азербејџан, Сан Марино, Црна Гора, Украина, Русија, Шведска, Холандија и Исланд.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија