Тетрисот помага кај мрзливо око

Од:

Истражувачите од Универзитетот МекГил открија дека Тетрисот измислен во 1984 година може да им помогне на луѓето кои страдаат од амбилопија (мрзливо око) да го поправат својот вид.

До амбилопија доаѓа кога централната визија во едното око не е развиена како што треба и може да доведе до вкрстени очи или кратковидост и далекувидост.

Истражувачите забележаа дека сегашниот метод на лечење на овој проблем вклучува и прекривање на едното око за да може другото да работи поангажирано, но тој секогаш не е делотворен.

Студијата објавена во журналот Current Biology опфатила 18 возрасни лица кои ја имале оваа состојба.

Половина доброволци играле Тетрис со само едно око, додека другото им било покриено, додека другата група играле без покриено око, но носеле очила кои на едното око дозволувале со едно око да ги гледаат предметите кои паѓаат, додека со другото можеле да ги видат само наредените објекти.

Докторите сметаат дека форсирањето на очите да работат заедно може да го подобри видот. Учесниците на студијата играле Тетрис две недели, а потоа истражувачите забележале дека кај лицата кои играле со очила значително им се подобрила перцепцијата за длабочина, како и видот на послабото око.

Лицата кои играле со покриено око на посилното око чувствувале само мали подобрувања. Кога истражувачите на групата со покриено око им дале да играат со очила и кај нив исто така било забележано значително подобрување на видот.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска