Тетовирањето многу лесно може да предизвика рак?

Од:

Токсикни од мастило за тетовирање можат да се апсорбираат во телото и да предизвикаат рак, открија научниците.

Експертите сметаат дека наночестичките од мастило можат да влезат во крвотекот и да се акумулираат во слезината и бубрезите и да ја нарушат способноста на телото за филтрирање нечистотии. Студиите открија дека некои бои кои се користат за тетовирање содржат познати концерогени материи и научниците апелираат на подобро регулирање во оваа област, јави „Дејли Мејл“.

Наводно одредени видови мастило содржат супстанци како што се кобалт и жива, а кои секако, се многу опасни. Десмонд Тобин, директор на институтот при Универзитетот Бредфорд во Велика Британија истакнува дека истражувањата покажеле сосема доволно, а тоа е дека наведените супстанци се отровни и штетни по човечкото здравје.

– Некои бои се продаваат со малку или без никакви пратечки податоци за производот, така што нивниот состав останува енигма за луѓето кои ги користат, рече тој.

Едно истражување во Данска покажа дека канцерогени хемикалии се пронајдени во 13 од 21 примерок мастило кои најчесто се користат за тетовирање во Европа. Со тоа експертите освен што предупредуваат на овој факт, апелираат и на воведување построги прописи во оваа област.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска