Тетоважите можат да бидат опасни

Од:

Француските дерматолози предупредуваат дека тетоважите, без разлика дали се привремени или трајни, не се безопасни.

Францускиот синдикат на дерматолозите-венеролози истакнува дека мастилата за трајна тетоважа се составени од токсични метали, како што се алуминиумот, кобалтот, хромот, бакарот, железото, живата или никелот, кои можат да бидат канцерогени кога ќе се најдат на кожата.

Дерматолозите потсетуваат и дека пигментите во мастилата можат да предизвикаат егземи, алергиски реакции и други кожни заболувања.

Тетоважите со к’на, исто така, можат да бидат опасни доколку оваа природна супстанца, која инаку не е опасна, се помеша со некои од токсичните производи за да се направат привремени тетоважи.
Дерматолозите нагласуваат и дека посебно внимателни треба да бидат лицата кои имаат бемки или пеги по кожата, како и оние кои веќе имаат некоја кожна болест. На нив им се советува задолжително да побараат мислење од лекар пред да се тетовираат.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска