Време е за ручек, доаѓаат ненајавени гости, подготовките долго ќе траат, а нема никој, кој би можел да го почува детето, така што одлучивте за тоа време детето да гледа цртани. Но тука телевизијата не престанува да биде бебиситерка.
Методите, кои ги користите додека го чувате детето можат во вас да предизвикаат чувство на вина. Најновото истражување на америјанскиот сајт БејбиЦентар покажува дека дури 94 отсто од мајките чувтсвуваат грижа на совест поради нешто, што дозволиле да се примени во грижата за детето.
Кога детето следи некоја програма, која во одредена мера му е интересна, тогаш е мирно, тивко и секогаш знаете каде точно се наоѓа – пред екранот на телевизорот или компјутерот. Среќно е, но вам не ви е сеедно, бидејќи доколку немавте други обврски, вие би сте го забавувале вашето дете, наместо телевизорот.
Американската педијатарска академија во 2003 година објави дека децата помали од две години не би требало да гледаат телевизија. Исто така е препорачано дека треба да се стави крај на вклучувањето на ДВД-то поради кусото туширање, мирното следење на некоја ТВ емисија или заради некои други активности. Поради ова некои мајки биле мошне потресени.
Доколку и вие го кршите ова правило треба да знаете дека не сте сами, бидејќи истражувањето на БејбиЦентар покажува дека само десет отсто од мајките ја почитуваат забраната за телевизија пред втората година.
Шеесет и седум отсто од родителите сметаат дека е во ред децата да гледаат малку телевизија, а дури 69 отсто заедно со детето гледаат различни програми.
– Сосема е во ред со телевизијата да се добие некој момент на мир и забава, но клучот е во тоа секогаш да имате мерка, велат авторите на книгата „Вината на мама“, Девра Ренер и Авива Флок.
Тоа значи дека доколку имате дете помало од две години, гледањето телевизија одржувајте го на минимално ниво. Сосема е доволно оваа активност да се повторува неколку пат по 15 минути. Трудете се програмата, која ја гледа детето да биде во согласност со неговите години, препорачуват тие.