Канадската јавност е во шок откако во медиумите беше објавено дека брачен пар, кој посвоил виетнамско прасе од прифатилиште во Ванкувер, го изел својот миленик.
Тригодишното прасе Моли било примено во прифатилиштето, откако претходно било одземено од средина во која сурово се постапувало со неа.
Вработените во прифатилиштето се грижеле за Моли се додека брачниот пар не ја посвоил.
По неколку седмици откако една жена преку заеднички пријатели открила што се случило со прасето го пријавила случајот во Службата за заштита на животните. Жената била била гневна бидејќи суровиот пар нема да се соочи со никакви законски последици.
– Животните се сметаат за сопственост според законот, кога ќе се направи договор за посвојување лицето кое го презема животното полага целосно право на него – без разлика дали е куче, мачка или пак прасе. Штом животното замине од нашето прифатилиште ние губиме законски права над него, наведуваат од Службата за заштита на животните.
Оттаму потенцираат дека за жал не е незаконски да се убие животно во Канада.
– Работам овде 17 години и досега не сум видела ваков случај, истакнува Лори Чортик од Службата.
Човекот, кој ја посвоил Моли, е означен во сите центри на оваа Служба како лице кое никогаш во иднина нема да може да посвои животно.