Тато, читај ми приказна за да ми биде интересно!

Од:

Голем број деца не можат да заспијат без приказни за добра ноќ, а овој вечерен ритуал во многу семејства обично го прават двајцата родители.

Овој волшебен момент ја инспирира др. Елизабет Дурсма од Универзитетот во Валонгон, во Австралија и тим научници од Универзитетот Харвард да направат истражување за влијанието за читање врз децата.

Резултатите од нивната студија покажаа дека приказните кои ги раскажува таткото се исклучително ефектни.

Истражувачите открија дека татковците се многу експресивни и преферираат толкување, за разлика од мајките кои претежно изведуваат драмско читање, театарско читање, кое повеќе ги стимулира децата на фантазирање. Оваа стимулација може да влијае врз развојот на говорот кај децата, особено кај малите деца на возраст од две години.

Според мислењето на Дурсма, која беше водач на истражувањето, читањето може да му помогне на детето да ги развие своите психомоторни способности, така што на пример. ќе ги врти страниците.

– Татковците треба повеќе да се ангажираат за да им помогнат на децата да ја развиваат нивната способност. Тие би можеле да им поставуваат загатки, заедно да читаат, пишуваат и да прават колажи, наведе таа.

Авторите на студијата истакнува исто така дека читањето приказни за добра ноќ е идеален момент за воспоставување близок однос меѓу таткото и синот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска