Татковството го менува мозокот на мажите

Од:

Грижата за бебе го менува мозокот на мажот и тој манифестира различно когнитивно и емотивно однесување. На сето тоа, мозокот на таткото се повеќе наликува на мозокот на мајката.

Една неодамнешна анкета покажа дека мажите кои ги негуваат своите деца при скенирањето на мозокот снимени се интересни резултати. Поточно, во нивниот случај, делови од мозокот кои се одговорни за обработка на емоциите и социјалното разбирање се многу активни откако бебето станува дел од нивниот живот.

И татковците поминуват низ хормонски промени

Бременоста, породувањето и доењето предизвикуаат намалено или зголемено лачење на одредени хомрони кај жените, но научниците утврдија дека нешто слично се случува и со телото на мажот, иако тие не се во состојба да носат и го хранат бебето по природен пат. Истражувањето во кое учествувале и луѓе и животни, покажа дека мажите кои се ставиле во улога на родител имаат повеќе окситоцин, естроген, пролактин и глукокортикоид, а експертите наведуват дека до ова зголемување доаѓа благодарејќи на контактот со бебето и неговата мајка.

Окситоцинот ја зацврстува врската меѓу таткото и бебето

Окситоцин кој исто е така е познат како љубовен хормон, ги поттикнува татковците повеќе да се грижат за своите бебиња, да се вклучат во играта со нив, а бебињата им одговараат еднакво со љубов.

Татковството е причина за стварање нови неурони

Како што покажуваат големиот број научни истражувања, на татковците им се обновуваат изгубените нервни клетки и исто така, доаѓа до создавање нови. Покрај тоа, тие растат побрзо и подобро се развиваат што ја подобрува меморијата кај мажите.

Татковците се чувствителни на детскиот глас

Општо познато е инстиктот на мајката кој им помага да го препознаат кога плачењето значи дека бебето е гладно, кога нешто го боли, а кога му се спие. Меѓутоа, научниците утврдиле дека и татковци знаат да се поврзат со своите деца на тој начин. Едно истражување покажа дека 90 отсто од татковците  го препознаваат значењето на плачот на бебето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска