Татковците се преправаат дека спијат кога бебето плаче во текот на ноќта?

Од:

Доколку откако  го слушнавте плачот на бебето помисливте дека вашиот сопруг цврсто спие и тргнавте кон детето, погледнете уште еднаш. Научниците велат дека голема е веројатноста таткото да е разбуден, исто како и вие.

Најновата студија покажа дека повеќе од половина од испитаните татковци се преправаат дека спијат, кога ќе го слушнат плачењето на бебето. Нивното објаснување беше едноставно:  ако ги држат очите затворени и се преправаат дека се во длабок сон, нивните партнерки ќе станат неместо нив и ќе го смират бебето.

Во истражувањето учествувале повеќе од две илјади родители, а дури 56 отсто од татковците признале дека намерно се преправале дека спијат за да го избегнат станувањето.

Многу мажи објасниле дека во тој момент секако мајките би требало да бидат со бебето, затоа што тие се незаменливи, а еден од петорицата татковци истакна дека децата обично ја бараат мајката. Тројца од десетмината мажи оправдување пронајдоа во тоа дека мораат да бидат одморени за наредниот работен ден.

Резултатите покажаа дека дури 47 отсто од родителите изјавиле дека ноќното станување е резервирано само за мајките, додека само 14 отсто признале дека тоа е работа која е наменета и за татковците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска