Танцовото студио „Dance Team Fusion“ од Куманово на светско првенство во Полска

Од:

Балетско-танцовото студио „Dance Team Fusion“ од Куманово ќе ја претставува државата на светското првенство за современ танц што ќе се одржи во ноември во Миколајки, Полска. Тоа ќе биде прво учество на светско првенство за танцовото студио од Куманово во кое членуваат околу сто млади и деца.

Јуниорската група млади ентузијасти на возраст од 12 до 15 години освои прво место на државното првенство во танцување кое се одржа во Скопје. За победничката кореографија насловена „Dear Future Generations“ е изработен и видеозапис. Автори на кореографијата се Бојана Додевска и Леона Стојчевска.

– Темата на кореографијата беше загадувањето на воздухот и како тоа влијае врз животот на луѓето. Претходно учествуваме на натпревар во Амстердам, каде исто така освоивме прво место, но ова е наше прво учество на светско првенство, изјави кореографката Стојчевска.

Танцовото студио вечер од 19.30 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе одржи годишен концерт и настап на современ танц со учество на сите членови, како и гости од Скопје и Штип.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска