На плоштадот „Македонија“ вечер ќе се одржи музичко-сценскиот спектакл „Таго: Корејски тапан 2“.
Настапот на корејската група Tago&АtoBIZ почнува во 19 часот и е дел од манифестацијата „Бела ноќ“. Требаше да се одржи вчера, но, како што информира Младинскиот културен ценатр (МКЦ), беше одложен поради лошото време.