Светскиот ден на здравјето посветен на намалување на ризикот од хипертензија

Од:

Под мотото „Контролирај го крвниот притисок!“ денеска се одбележува Светскиот ден на здравјето. Целта е да се намалат инфарктите на срцето и мозочните удари што се резултат на покачениот крвен притисок.

Пораката е да се вршат превентивни прегледи со редовна контрола на крвниот притисок, што заедно со останататите ризик фактори одржување нормално ниво на шеќер во крвта, холестеролот, примена на физичка активност намалена употреба на сол, може да доведе до намалување од ризикот на ова заболување.

Во светот има 1.000.000 случаи на хипертензија. Во Македонија болнички се лекуваат 2.500 пациенти од покачен притисок или 11.8 отсто на 10.000 жители од кој повеќето се жени, а се евидентирани и лица на возраст од 14 години.

Со програмата „Здравје за сите во Република Македонија“, која започна во 2007 година на пунктови на фреквентни места се проверува и крвниот притисок. Од почетокот на акцијата досега се извршени над 100.000 бесплатни превентивни прегледи.

Според Институтот за јавно здравје, со бесплатните прегледи во 2012 година во Македонија, подеднакво се опфатени мажите и жените. Осумдесет проценти од прегледаните се на возраст над 50 години, кај 27 отсто е детектирана состојбата на здебеленост, ризични вредности на шеќер во крвта имале 7 проценти од прегледаните, а 9,4 отсто со зголемен холестерол, висок крвен притисок е откриен кај 11 проценти а висока ризичност со дијастолен крвен притисок кај 16 отсто.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска