Светот на Биби, Поточиња, Викторија Лоба, Сара Мејс и локални артисти ќе настапат на „Подари среќа“ во Општина Аеродром

Од:

Општина Аеродром заедно со децата од основните училишта и градинките во среда и четврток (28 и 29 декември) организира новогодишен хуманитарен базар-фест „Подари среќа“ што ќе се одржи на платото зад „Капитол мол“.

Првиот ден, во среда, забавата ќе почне во 12:00 часот со жонглерско шоу на Кристијан Бенито, по што ќе настапи хорчето „Поточиња“, а овој дел ќе биде заокружен со настап на „Aqua Dance“. Од 17:00 часот следува програма за повозрасните. Атмосферата ќе ја загрее диџеј Тодорофф, по што следува Лара Иванова, а за крајот на првиот ден од базар-фестот ќе настапи Викторија Лоба.

Во четврток, програмата ќе почне на пладне со новогодишна претстава со Дедо Мраз. Од 17:00 часот за најмалите следува настап на „Светот на Биби“, потоа публиката ќе ја загрее настапот на Сара Мејс, а целиот настан ќе го затворат Фиц енд Д’ инвизиблс – Студени Нозе грејтест Хитс.

Базар-фестот е од хуманитарен карактер и посетителите ќе можат да донираат со купување новогодишни честитки и рачни изработки на дечињата од градинките и училиштата, а собраните средства ќе бидат донирани за семејствата од социјално-ранливите категории.
Општина Аеродром ги повикува сите граѓани да го посетат базарот, да уживаат во богатата музичка и забавна програма и истовремено од божиќните дрвени куќички да вкусат топол чај, вкусна храна, како македонско греано вино.

Би можело да ве интересира

„На дрзок и безобразен СДСМ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста“, се вели во реакција на Општина Аеродром

Заслугата за новото училиште и новата градинка е на Градоначалникот Муцунски и пратениците од ВМРО ДПМНЕ реагираат од Општина Аеродром

Левица: Муцунски ги извиси спортските клубови во Општина Аеродром

Општина Аеродром: Коалицијата СДСМ и Арсовска продолжува да шири лаги и дезинформации

Муцунски: Преку континуирани инвестиции во нова опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром

Муцунски: Со силна заложба и континуирани инфраструктурни инвестиции до поубава и помодерна општина Аеродром