Супер здрав напиток за добро утро

Од:

Покрај големиот број обврски наутро, често забораваме да сториме нешто здраво и добро за себе секое утро. Меѓутоа, постои брз и здрав ритуал за кој ви е потребна само чаша млака вода со половина исцеден лимон.

Напитокот е богат со антиоксиданси, има одличен ефект на имунитетот, метаболизмот, изгледот и чувството на глад. Напитокот со вода и лимон треба да биде на собна температура.

Го поттикнува имунитетот

Овој напиток е богат со витамин Ц и го јакне имунитетот. Освен тоа, нутриционистите велат дека витаминот Ц од лимонот му помага на телото да го апсорбира железото, особено она кое го наоѓаме во намирници кои не се од животинско потекло.

Го подобрува варењето

Сокот од лимон е сличен на структурата на соковите од желудникот и има позитивно влијание на гастроентеролошкиот тракт. Освен тоа, сокот од лимон е добар против киселини и надуеност.

Помага на регенерирањето на кожата

Лимонот е одличен во борбата против стареењето на кожата. Имено, антиосидансите од лимонот се борат против слободните радикали кои предизвикуваат страеење. Витаминот Ц од лимонот помага во изградба на колаген кој ги држи брчките под контрола.

Го намалува апетитот

Лимонот содржи пектин кој создава чувство на ситост. Подолго ќе бидете сити, и веројатно токму поради тоа што немате голема потреба за храна, за време на идниот оброк помалку ќе погрешите при изборот на храна.

Ја балансира Ph вредноста

Чаша вода со малку лимон ја намалува киселоста на организмот. Имено, овој напиток содржи лимонска киселина, и не создава киселини во телото.

Го освежува здивот

Антисептичките својства на лимонот ги убиваат сите лоши бактерии во устата и делуваат дезинфекциски. Чаша лимон и вода наместо утринско кафе е поздрав избор.

Помага за зараснување на рани

Овој напиток го штити здравјето, го намалува стресот и депресијата, а освен тоа содржи и витамин П кој поволно делува на прокрвеноста на капиларите. Освен што помага кај зараснување на раните, лимонскиот напиток е добар и за здравјето на коските, ткивата, ’рскавицата, а ги смирува и воспалителните процеси.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска