Студена средба на Моника Белучи и Винсен Касел во Венеција

Од:

На годинешниот филмски фестивал во Венеција, една од ѕвездите беше и заводливата италијанска глумица Моника Белучи.

Во долг, црвен фустан, таа зачекори на црвениот килим заради прикажувањето на нова верзија на филмот „Неповратно“ од 2002 година, каде што таа глуми заедно со поранешниот сопруг – францускиот глумец Винсен Касел.

Касел, исто така, се појави на црвениот килим и се ракуваше со поранешната сопруга. Моника, притоа се насмевнуваше, но цело време гледаше директно кон фотографите.

Тие двајца беа во брак од 1999 до 2013 година и имаат две ќерки – Дева и Леони.

Касел (52) во Венеција дојде со својата сегашна сопруга – 23 години помладата Тина Кунаки.

Би можело да ве интересира

Моника Белучи не се плаши од стареење

Ана Ололовска

Моника Белучи во Париз со своето помладо момче

Ана Ололовска

Винсан Касел ја преболе Моника Белучи

Сандра Бошковска

Поранешниот сопруг на Моника Белучи се ожени со 30 години помлада манекенка

Наум Локоски

На овој човек му завидува цел машки род: Страстниот бакнеж со Моника Белучи ги шокираше сите во Кан

Ана Ололовска

Моника Белучи прекриена со кавијар

Ана Ололовска