Винсан Касел ја преболе Моника Белучи

Од:

Винсан Касел беше 13 години во брак со, според многумина, најубавата жена на светот – Италијанката Моника Белучи.

Со неа имаат две ќерки, но во 2013 година се разведоа. Во едно скорешно интервју, тој зборуваше за тоа – како ја преболел.

Впрочем, тоа за него минало многу безболно.

– Некогаш страдав многу повеќе. Знаете, некогаш морате да страдате за да направите нешто интересно, нагласи глумецот.

– Животот и онака е тежок за да бараме уште страдања. Се трудам да уживам во она што го работам оти така и најдобро се запознаваме себеси – кога се забавуваме, додава тој.

Винсан сега очекува бебе со неговата втора сопруга – 30 години помладата манекенка Тина Кунаки.

– Моите соништа се многу едноставни… Здравје, деца – барем 10 и доволно пари за да бидам слободен, оти на крај сѐ се сведува на слободата, истакна актерот.

Би можело да ве интересира

Моника Белучи не се плаши од стареење

Ана Ололовска

Студена средба на Моника Белучи и Винсен Касел во Венеција

Ана Ололовска

Моника Белучи во Париз со своето помладо момче

Ана Ололовска

Поранешниот сопруг на Моника Белучи се ожени со 30 години помлада манекенка

Наум Локоски

На овој човек му завидува цел машки род: Страстниот бакнеж со Моника Белучи ги шокираше сите во Кан

Ана Ололовска

Моника Белучи прекриена со кавијар

Ана Ололовска