Стресот го зголемува ризикот oд астма

Од:

Стресот предизвикан поради страв од губење на работата може да доведе до зголемување на ризикот за астма, пишува „Journal of Epidemiology & Community Health“.

Во новото истражување се користени податоци собрани во Германија меѓу 2009 и 2011 година од околу 7.000 вработени лица.

Се покажало дека на секои 25 отсто зголемено ниво на стрес, поврзан со страв од губење на работата, ризикот за астма расте просечно за 24 отсто.

Ризикот за астма бил просечно дури 60 отсто поголем кај испитаници кои очекувале дека ќе добијат отказ.

Кај тие испитаници е воочен и поголем ризик од депресија.

Наодите на некои студии веќе укажаа на зголемување на бројот на случаи на астма кај возрасни во време на економска рецесија.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска