Едно истражување на американски научници на испитаници со дијабетес тип 2, ја поврзува присутноста на стресот и депресијата со поголем ризик од мозочен удар.
Стресот и депресијата биле поврзани со поголем ризик за смрт од срцеви заболувања и крвните садови, објавија научниците од Универзитетот Источна Каролина.
Ризикот бил најголем за лицата кои истовремено биле погодени и со стрес и со депресија.
Кај тие испитаници ризикот за смрт од болести на срцето и крвните садови бил поголем од двојно поголем.
Резултатите објавени во стручното списание „Diabetes Care“ се темелат врз основа на следње на 22.000 возрасни испитаници на просечна возраст од 64 години.