„Страјкер“ ќе плати 1,43 милијарди долари за недоволни медицински услуги

Од:

Производителот на медицински импланти „Страјкер“ ќе плати најмалку 1,43 милијарди долари врз основа на судски тужби од пациенти, кои биле подложни на операции за отстранување на вештачки колкови со кои имале проблеми.

Договорот е постигнат со посредство на судија од Њу Џерси. Пациенти од 39 држави го обвинија „Страјкер“ дека им продал неисправни вештачки протези, кои корозирале во нивните тела и предизвикале проблеми, меѓу кои болка и оток на ткивото околу имплантите.

Компанијата „Страјкер“ се надева дека ќе ги исплати сите суми според судската одлука до крајот на следната година.

Оваа фирма повлече од употреба два од имплантите уште во 2012 година поради неисправност.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху