Во Креативниот парк Картон Кинг во градот Тајчунг, во Тајван, отворен е ресторан, каков што нема никаде во светот.
Во него, столиците, масите, чиниите, декорацијата, се е од картон. Доколку нешто уништите, не морате дополнително да плаќате, се е можно да се рециклира и да се поправи.
Иако столиците и масите од картон изгледаат нестабилно, управата на ресторанот тврди дека целиот инвентар е стабилен и дека може да се седи на картонскиот мебел.
Доколку пак некој не им верува и се плаши, ќе ве увери готвачот, кој ни помалку ни повеќе тежи 100 килограми. Тој со личен пример демонстрира дека столиците се издржливи, така што тој седнува на столиците, а некој од келнерите му седнува во крило.
Отворањето на ваков ресторан има за цел да промовира рециклирање, но и да се покаже дека со едноставни материјали може да се направи нешто убаво, корисно и ефикасно.