Стивен Кинг со свој коментар за крајот на Game of Thrones

Од:

Мајсторот за хорор приказни, писателот Стивен Кинг е огромен обожавател на Game of Thrones, па на Твитер се огласи и по повод финалето на телевизиската серија.

– Пред вечерашната епизода од Game of Thrones, голема благодарност до Џорџ Р.Р. Мартин, Дејвид Бениоф и Ден Вајс за осмата сезона од вака извонредната фантастична (и човечка) драма. Малку серии може да се наречат револуционерни. Оваа е една од нив. Дечки, закон сте!, напиша Кинг пред почетокот на синоќешната последна епизода.

Потоа, тој со едноставно одобрување, ја сподели и објавата на писателот Скот фон Довијак‏ која гласи: „Не ме интересираат продолженија и претпродолженија, но би го гледал „Арја: Западно од Вестерос”.

По прикажувањето на последната епизода, Кинг повтори дека ја обожава серијата, иако голем број обожаватели жестоко ја критикуваат. Тој смета дека тоа е така, просто, затоа што луѓето не го сакаат краеви.

Би можело да ве интересира

„House of the Dragon“ се враќа следната година, а ќе се чека на втората сезона на „The Last of Us“

Предраг Петровиќ

Писателот на Game of Thrones потпиша петгодишен договор со HBO

Ана Ололовска

„Game of Thrones“ се преточува во театарска претстава

Катерина Ѓуровски

Софи Тарнер си го зеде престолот од Game of Thrones

Ана Ололовска

Претпродолжението на „Game of Thrones“ како нова серија на HBO

Ана Ололовска

ВИДЕО: Питер Динклиџ ја доби четвртата, рекордна „Еми“ статуетка за машка споредна улога

Ана Ололовска