Стинг го запали Скопје, публиката два пати го врати на бис

Од:

Легендарниот Стинг синоќа одржа спектакуларен концерт во спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што публиката, помеѓу која што имаше луѓе од сите генерации, бурно реагираа на секоја негова песна. Доволен беше мал потег со раката, извик во текот на песната или акорд од гитарата на Стинг за цела сала да ја прифати поканата да пее заедно со него.

Бобан Милошески, сопственикот на Авалон продукција, која што го организираше настанот, овој концерт му го посвети на својот починат брат Даниел. По крајот на концертот објави фотографија од британскиот музичар и под неа напиша „Данче, успеавме“. Авалон продукција по 15 години преговори го донесе Стинг во Македонија, а вчерашниот концерт беше исполнување на заедничкиот сон на браќата.

Концертот е дел од турнејата 57th & 9th на која Стинг го промовира истоимениот албум. Вечерта започна со заедничкиот настап на пејачот и неговиот син Џо Самнер, кој му е специјален гостин на оваа турнеја. По првата песна Стинг се повлече од сцената, а Џо остана да ја загрее публиката. На македонски јазик ѝ се обрати: „Татко ми мисли дека знам да зборувам македонски. Што има, Скопје?“

По загревањето, Стинг се врати на сцената и започна лудилото, а иако има има 66 години, се уште поседува моќен глас и огромна енергија која ја пренесува на публиката.

Во текот на концертот испеа некои од своите најголеми хитови: Englishman in New York, Mad About You, Fields Of Gold, Shape Of My Heart, Desert Rose и Roxanne во комбинација со Ain’t No Sunshine When She’s Gone, но и песни од новиот албум: Petrol Head и 50.000. Публиката со огромен аплауз и овации го врати два пати на бис.

Концертот заврши со изведбата на Fragile, по што со својот бенд се поклони пред присутните. Понесен од атмосферата, пред да си замине од сцената, Стинг рече: „Мислам дека би требало да се вратиме тука“.

Фото: Авалон продукција

Би можело да ве интересира

Музички ѕвезди ја предупредуваат Меј поради опасноста на Брегзит врз музичката индустрија

Концерт на Стинг во Скопје

Наум Локоски

Џо Самнер – специјален гостин на концертот на татко му Стинг во Скопје

Наум Локоски

Влезниците за концертот на Стинг од утре во продажба

Ана Ололовска

Стинг во октомври доаѓа во Скопје

Наум Локоски

Стинг го продава својот стан вреден 56 милиони долари во њујоршката улица на богаташите

Наум Локоски