Пред доделувањето на оскарите во Лос Анџелес осамна статуа на продуцентот Харви Вајнстин кого десетици жени го обвинија за сексуално малтретирање.
Уметникот од Лос Анџелес познат како Пластичниот Исус во четвртокот отвори статуа со наслов „Кауч за кастинг“. Во делото продуцентот е претставен во природна големина како седи на златен кауч држејќи оскар.
Изминатиов период повеќе од 70 жени го обвинија Харви Вајнстин за сексуално вознемирување, а некои и за силување.