Од 1960 година до преминот од еден милениум во друг стапката на плодност во Европската унија беше во константно опаѓање. Со влегувањето во новиот милениум стапката на наталитет наеднаш почна да расте се до 2010 година кога стагнираше.
Последиците на падот на наталитетот и стареењето на нацијата се проблеми кои се повеќе ги окупираат експеритете на развиените земји. Заклучок е дека под итно треба да се почне со работа на зголемување на наталитетот, затоа што податоците покажуваат дека жените во Европската униј во 2015 година во просек раѓале само 1,58 деца, пишува „Индепендент“.
Според податоците до кои дојде компанијата Статиста, најголем број бебиња во 2015 година (над просекот на ЕУ) имале жените во следните земји:
Франција – 1,96
Ирска – 1,92
Шведска – 1,85
Велика Британија – 1,80
Данска – 1,71
Летонија – 1,71
Белгија – 1,70
Литванија – 1,70
Холандија – 1,66
Финска- 1,66
Естонија – 1,58
Романија – 1,58
Под просек на ЕУ раѓале жените во следните земји:
Чешка – 1,57
Словенија – 1,57
Бугарија – 1,52
Германија – 1,50
Австрија – 1,49
Луксембург – 1,47
Малта – 1,45
Унгарија – 1,45
Словачка – 1,40
Хрватска – 1,40
Италија – 1,35
Шпанија – 1,33
Грција – 1,33
Кипар – 1,32
Полска – 1,32
Португалија – 1,31