Телевизијата „24 Вести“, постојано ја збогатува својата програмска шема. Наскоро, ќе почнат да реализираат нови емисии, од кои првата со која се подновува првиот специјализиран информативен канал во Република Македонија, е лајф-стајл магазинот „24 Ексклузив“. Формат на емисија, кој ќе го „покрива“ забавниот дел од информациите, но, од посериозен, аналитички аспект.
Емилија Бунтеска, Ване Маркоски и Петар Ацев се водечките новинарски ликови, кои ќе се грижат за известување од естрадата, животот, македонската забавна сцена, трачевите, анализите.
Уредништвото им е доделено на Јана Коцевска, како надворешна соработничка од продукцијата „Троика“ (одговорна за ТВ-проектот) и на нашиот колега Огнен Јанески, како интерен уредник.