Стари верувања: Како да се открие полот на детето?

Од:

Во денешно време највообичаена работа е идните родители да дознаат дали бебето, кое го очекуваме ќе биде момче или девојче.

Идните мајки и татковци веќе по петтиот месец од бременоста можат да бидат сигурни и на време се подготват околу многу работи како името, бојата на собата, облеката… Сепак некогаш додека медицината не била толку напредна полот на детето до самото породување не можел да се одреди.

Следуваат седум знаци кои некогаш луѓето верувале дека го одредуваат полот на детето:

Ќе биде момче

– Ако жената ниско го носи бебето во стомакот и ако тој стои нанапред како „како краставица“.

– Ако кај идните мајки повеќе се истакнува десниот колк.

– Ако брадавиците на идната мајка се светли.

– Ако бремените жени почнуваат да чекорат со десна нога.

– Ако жената во текот на бременоста се разубави, „процвета.“

– Ако идната мајка јаде мрсно и кисело.

– На стомакот на мајката се појавиле влакна.

– Ако на бремената жена цело време и е топло и загушливо.

Ќе биде девојче

– Ако стомакот на жената е широк, се гледа и од грбот.

– Ако кај идните мајки повеќе се истакнува левиот колк.

– Ако брадавиците на мајката се темни.

– Ако бремените жени почнуваат да чекорат со левата нога.

– Ако жените во текот на бременоста огрдуваат и имаат дамки.

– Ако во текот на бременоста идните мајки имаат утринска мачнина.

– Ако на идните мајки им се јаде благо.

– Кожата е потемна како после сончање (иако се зимски месеци).

– Ако на бремената жена цело време и е студено, а бременоста е на почеток.

Покрај овие знаци во текот на бременоста имало и многу верувања за откривање на полот на детето и пред неговото зачнување. Едно од тие верувања е и одредување на полот на детето според прстенот. Жената држи прстен приврзан за долг конец над левата дланка, доколу прстенот се движи лево-десно ќе биде момче, а доколку се врти во круг ќе биде девојче.

Во некои словенски земји обичај е по свадбата родителите да сокријат лажица и секира, кои младенците потоа ги бараат. Ако наутро младенците ја најдат секирата ќе имаат момче, а ако ја најдат лажицата ќе имаат девојче.

Дека вакви верувања не постојат само на нашето поднебја, зборува и јапонската народна мудрост, која за одредување на полот користи бројки. Годините на мајката да се поделат со три, а годините на таткото со четири. Ако поголемиот остаток биде кај таткото ќе добијат момче, а доколку е поголем остатокот е кај мајката ќе добијат девојче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска