Генералното собрание на Обединетите нации во 1993 година го прогласи 15 мај за Светски ден на семејството. Целта на одбележување е афирмација на семејството и семејните вредности, поттикнување на еднаквост меѓу половите и заштита на семејството како основна единица на општеството.
„Секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“. Дали се согласувате со оваа идеја на Толстој? Прочитајте што уште некои паметни луѓе кажаа за семејството…
– Таткото не може да стори ништо поважно за своите деца од тоа да ја сака нивната мајка – Жан Жак Русо.
– Човекот никогаш не е поголем од моментот ќе клекне за да му помогне на своето дете – Абрахам Линколн.
– Најважните доблести на човечкото општество се создаваат, јакнат и одржуваат во семејството – Винстон Черчил.
– Вие не го избирате своето семејство. Тоа е дар од Бога за вас, како што сте и вие за него – Дезмонд Туту.
– Повеќе вреди да се живее најсиромашен живот со своето семејство, отколку да се живее сам во изобилство – виетнамска поговорка.
– Семејството е врска со нашето минато и мост кон нашата иднина – Алекс Хејли.
– Љубовта кон родителите е главна и основна школа на љубовта. Без тоа школо не се оди понатаму – Николај Велимировиќ.
– Среќно семејство не е ништо друго туку предвремен рај – Џорџ Бернард Шо.
– Човекот никогаш не смее да го запостави своето семејство поради работата – Волт Дизни.
– Семејството е приоритет. Потоа доаѓаат работата и пријателите – Џони Деп.
– Како ќе придонесете за светскиот мир? Одете дома и сакајте го своето семејство – Мајка Тереза.
– Човек ќе го пропатува светот во потрага по она што му е потребно, а потоа се враќа дома и го пронаоѓа токму тоа што го барал – Џорџ Едвард Мур.
– Во сложно семејство среќата сама од себе доаѓа – српска народна поговорка.