Спречете го синдромот „компјутерско око“

Од:

Секојдневна повеќечасовна работа на компјутер може да доведе до заматен вид, двојни слики, главоболки, болки во вратот или грбот.

Долготрајното напрегање на очите за време на работата на компјутер може да доведе до сериозни оштетувања на рожницата, главоболки и проблеми со видот, предупредуваат офталмолозите. Секојдневна работа на компјутер повеќе часови може да предизвика сувост во очите, тие да станат иритирани и закрвавени, а офталмолозите овие проблеми ги нарекуваат „компјутерски вид“.

Применете ги следните совети за да ја намалите штетата и да го намалите ризикот од појавување „компјутерски вид“.

Наместете ја висината на екранот

Ако екранот не е статичен, можете да ја подесите неговата висина. Правилно е средиштето на екранот да биде нешто пониско од висината на очите додека седите исправени.

Прилагодете ја светлината на екранот

Пресветол екран со силен отсјај исто така може да биде причина за непрекинато солзење и напрегање на очите. Повеќето монитори имаат опција за подесување на степенот на осветленост на екранот, најдбро е да се избере оној што е најприроден за гледање.

Трепкајте

Очите дополнително се сушат во канцелариски услови, па е потребно почесто да трепкате за да ги навлажните.

Направете пауза

На секој час и половина треба да се направи барем десетина минути пауза, за да се одморат очите.

Вежбајте

И на очните мускули како и на телото му треба раздвижување. На секои 15 до 20 минути можете да направите вежба така што ќе го свртите погледот од компјутерот и ќе го движите погледот лево-десно. Запамете го правилото 20-20-20. На секои 20 минути свртете го погледот од екранот на предмет оддалечен 20 метри и набљудувајте го барем 20 секунди. 

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска