Безбедносните сили на Азербејџан спречиле теросистички напади во Баку додека се одржувал изборот за Евросонг. Биле упасени 40 припадници на група која планирала да ја нападне кристалната сала во Баку, а еден од бил убиен, соопшти министерството за национална безбедност на Азербејџан во кое се вели
„Групата планираше напади на концертната сала додека се одржуваше финалето, на претседателот на Азербејџан Илхам Алијев, на хотели, полициски станици и верски објекти.
Уапсените набавија влезници за Кристалната сала со цел да изведат терористичка акција“, се наведува во соопштението на Азербејџанските безбедносни сили кои молчеле намерно за да не се наруши атмосферата на Евросонг.