Споредбата со другите деца ги нервира мајките

Од:

Една третина од мајките се склони да влезат во дебата по добивањето на несакани совети за родителството. Резултатите од студијата, која опфати две илјади жени откри дека тие често не се согласуват со другите мајки, сопствената мајка или со свекрвата, кога е во прашање најдобриот начин за воспитување на детето.

И покрај тоа што забелешките на сметка на детскиот развој, однесувањето, растот, исхраната и навиките во спиење предизвикуваат голем раздор меѓу мајките и нивните пријателки, сепак дискусијата за навикнување на нокшир претставува главна тема на конфликтот.

Мајките кои во текот на студијата се најдоа во својство на испитаници признаа кои коментари најчесто ги нервираат:

– Нели твоето дете е премногу ниско/високо?

– Кога моето дете беше на тие години, тоа веќе прозборе.

– Твоето дете е многу бучно.

– Требаше до сега да прозбори.

– Во ова време детето мора да биде во кревет.

– Не би требало да му давате цуцла.

– Твоите деца не јадат добро, зарем не?

– Би требало веќе да прооди.

–  Во тоа време веќе почнуваат да лазат.

– До сега си требало да му дадеш цуцла.

– Повеќето коментари од страна на другите луѓе се сведуваат на споредба на своето дете со некое друго, но важно е да се запомни дека сите мали деца се развиваат со различна брзина, наведува Ема Кени, психолог за деца.

– Кога ќе дојде вистинското време за тоа навикнувајте го детето да врши нужда на нокшир, а запомнете дека клучот е успехот на трпеливите родите, охрабрувањето и поддршката на детето. Родителите не треба да се грижат околу овие замерки затоа што она што е нормално за едно дете може да биде апсолутно поинаку за друго дете, додава таа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска