Спиењето на грб е најкорисно за телото

Од:

Некои луѓе спијат на страна, некои склопчени или „распослани“ на креветот, а некои на стомак… Иако спиењето на грб некому можеби му изгледа неприродно, се покажа дека овој начин може да биде едноставно решение за многу тешкотии околу спиењето и здравјето.

dobivaj vesti na viber

Како што пишува „Хелт лајн“ спиењето на грб може да ви користи за: правилно и рамно држење на ‘рбетот, намалување на силната главоболка, намалување на притисокот врз градниот кош, ублажување на затнувањето на синусите, како и спречување на брчки и иритација на лицето. Кога станува збор за новороденчињата, Американската академија за педијатрија препорачува бебињата да спијат на грб за да се намали опасноста од „синдром на ненадејна смрт на доенчиња“ (СИДС).

Неодамнешно истражување покажа и дека спиењето на грб и на страна се поврзани со помалку болки во грбот отколку спиењето на стомак, кога станува збор за возрасни луѓе.

Иако спиењето на грб ги нуди сите овие придобивки, тоа сепак, не е „најпопуларната поза“. Според испитувањата, повеќето млади луѓе претпочитаат и се навикнуваат да спијат на страна. Интересно е и тоа дека кај децата односот „грб – страна – стомак“ е речиси еднаков, но повеќе од 60 отсто од возрасните Европејци, на пр., спијат на страна.

Би можело да ве интересира

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска

Дали веганите се хранат поздраво од оние кои јадат месо?

Ана Ололовска

Бременост по недели и развој на бебето

Ана Ололовска