Специјалниот БМВ од саемот во Лас Вегас

Од:

„БМВ серијата 8“, од генерацијата „E31“ ужива посебен статус и 30 години откако се појави на пазарот. А, еден интересен пример го привлече вниманието на саемот на Специјализираниот пазар за опрема (СЕМА) во Лас Вегас, САД, минатиот месец.

Се работи за специјалиот „850-ц.и.“ модел кој претрпе радикални промени во време од три месеци за да биде подготвен за настанот. Сега изгледа помодерно, но и поагресивно од порано. Најзначајната модификација е каросеријата „Пандем“ која вклучува пошироки лакови на предните и задните тркала, нагласен преден спојлер, продолжени прагови и фиксиран заден спојлер. Комплетот нема да им се допадне на сите, но многумина ќе речат дека сепак ѝ одговара на „Серијата 8“.

Автомобилот доби комплет од 19х11 (предни) и 19х12 (задни) бандажи од „Би-си форџд“ со пневматици „Тојо Р-888-Р“, како и воздушна суспензија што му овозможува да се спушти поблиску до земјата. Тука се и подобрените „Брембо“ сопирачки.

„БМВ“ го продаваше „850-ц.и.“ со неколку мотори – 4,0-литарски „В-8“, со 282 коњски сили и 400 њутн-метри вртежи, потоа со 4,4-литарски „В-8“ со 282 коњски сили и 420 њутн-метри, а некои модели беа достапни и со 5,0-литарски „В-12“ мотор со 296 коњски сили и 450 њутн-метри и 5,4-литарски „В-12“ со 322 коњски сили и 490 њутн-метри.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on