Спа центар само за бебиња

Од:

Во Хјустон отворен е спа центар кој е наменет само за бебиња. По цена од 65 долари на час, бебињата можат да уживаат во искуството на лебдење во вода, како и масажа, јави „Дејли Мејл“.

Концептот на бебешкиот спа центар е се попопуларен, а во него примаат веќе и бебиња на возраст од само две недели. Мајките тврдат дека со третманите за опуштање се подобрува сонот и здравјето на детето.

Велнес центарот отворен е за бебиња на возраст од две недели до осум месеци, а малечките се ставаат во тркалезна гума за пливање на која ја потпираат главата и вратот, додека слободно можат да ги движат рацете и нозете. Освен тоа, тие носат водоотпорни пелени, а во топлата вода си играат околу 25 минути.

Потоа бебињата се сушат, а родителите добиваат упатства како нежно да ги масираат, под будното око на експертите. Спа центарот за бебињата поттикнува подобар сон, но и добро делува на нивниот имунитет и моторика.

Сопственичката на центарот Кристи Исон, планира да отвори уште десет такви спа центри ширум САД, затоа што е пресреќна затоа што наиде на добар одзив кај родителите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска