Совети за одличен успех на вашето дете во училиште

Од:

Сосема е сигурно дека успехот или неуспехот во училиштето почнува во домот. Голем број студии укажуваат на поврзаноста на лошите достигнувања во школувањето и фактори, како што се недостиг на сон, лоша исхрана, дебелеење, како и недостиг на родителска поддршка.

Добра вест е дека истите студии покажуваат дека повисоки резултати постигнуваат учениците, кои живеат во домови, во кои постојат здрави навики, редовна рутина и добра комуникација.

Следуваат неколку совети за да го поттикнете напредокот на детето:

Негувајте и поттикнувајте ги здравите навики

Ниту вие не можете да ги извршувате задачите доколку не се чувствувате добро. Детето за да има поголеми шанси за успех во училиште обезбедете му здрави навики на одмор. Одредете време за спиење, кое на детето му обезбедува доволно сон и важно е секое утро да има здрав и квалитетен појадок. Поттикнувајте го да вежба, ограничете му го времето пред ТВ или компјутер.

Одржете рутина

Повеќето деца убаво ја прифаќаат рутината, која помага во организирањето на работниот ден. На пример детето може само да се облекува, да го мести својот кревет, да појадува, потоа да ја подготви својата ужина и да го спакува својот училишен ранец со завршените задачи. Кога ќе се врати дома во попладневните часови, родителите му даваат ручек, а потоа детето ја изработува домашната задача, додека родителите ја подготвуваат вечерата. Вашите рутини можат да се разликуваат од ова, но клучот е да се исти секој ден, така што детето ќе знае што го очекува.

Креирајте „стартно место“

Искусните родители знаат дека е важно да се има одредено мсто за ранци, јакни, чевли, патики, опрема за физичко, ликовно и друг разен секојдневен училишен прибор. Можеме да го наречеме „стартно место“. Тоа може на пример да биде место покрај вратата. Како и да го наречете тоа е местото, каде вашето дете ќе може организирано да ги чува предметите, кои му се потребни за во училиште секој ден.

Одредете работен простор

Во училиштето вашето дете има маса на која работи. Постои голема количина светлина, доволно креди покрај таблата и доволно простор за работа. Зошто не обезбедите ист тип опкружување за домашната работа? Ако се одреди домашен простор за работа, тоа често ја прави работата полесна и позабавна.

Читајте му на своето дете, повторно и повторно, милиони пати

Често пати се вели дека децата ги минуваат првите неколку години учејќи да читаат, а остатокот од животот читаат за нешто да научат. Пишаниот збор е порта за секое учење и што повеќе му читате на своето дете, поголеми се шансите дека ќе стане течен читач, кој сака да чита. Обидете се да седнете со детето секој ден и да му прочитате нешто, овозможете му да ви чита на глас секој ден.

Постојано учете

Вашето дете можеби повеќе не во претшколската област, но домашното образование и натаму е важен дел од неговото вкупно искуство со учењето. Постои став дека на училиштата и наставниците е се да објаснат. Наставниците треба да го сторат најголемит дел, но сепак родителите мораат да ги пополнат „дупките“, со добра поддршка од дома. Најдете начин да го учите детето во текот на денот. На пример готвењето комбинирајте го со елементи од математика и наука.

Бидете пример за учење

Децата учат на примери. Нека ве фатат децата додека читате. Одвојте време да совладате нови вештини и разговарајте за своите искуства со нив. Седнете во близина и пресметувајте ги сметките за режиски трошоци или вршете некоја друга домашна задача, додека децата ја изработуваат својата.

Разговарајте често

Дали знаете како вашето дете се чувствува во својата училница, со наставниците и со своите другари од одделението? Ако не знаете прашајте. Разговарајте со децата за тоа што им се допаѓа, а што не. Дајте им шанса да ги изразат своите стравови, возбудувања или разочарувања секој ден и продолжете да ги поддржувате и да ги поттикнувате фалејќи ги нивните успеси и напори.

Покажете интересирање

Немојте да ја ограничите поддршката на детето само на себе, направете и наставниците да го поддржат. Остварете добар контакт со училиштето, запознајте се со наставниците и останете во редовен контакт преку телефон или мејл, така што ќе можете да разговарате за сите проблеми кои ќе се појават.

Очекувајте успех

Можеби најважен начин на кој можете да ги поддржите напорите на своето дете во училиштето е да очекувате тоа да успее. Тоа не значи да биде најдобар ученик или најдобар спортист или најдобар уметник. Наместо тоа нека знае да очекува да даде се од себе, така и тоа ќе биде гордо на своите постигнувања.

Доколку своите очекувања јасно ги изразите и обезбедите во домот опкружување, кое промовира учење, вашето дете ќе има поголеми шанси да биде најдобар ученик според своите можности.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска