Пред да почнат вирусите и бактериите да се шират, подгответе се себе си и своите деца. Следуваат неколку совети за заштита на имунитетот на најмладите, кои секако може да ги примени и целото семејство.
1. Повторете ги основните правила на хигиената
Децата понекогаш во брзање забораваат да ги измијат рацете. Потсетете ги на важноста на миењето раце пред секој оброк и секој пат по користењето на тоалетот. Сепак имајте на ум дека не е корисно да се претерува со миењето раце, бидејќи тогаш оваа мерка може да има негативно влијание на иминутетот.
2. Ставајте боровинки во утринските житарки
Станува збор за едноставен чекор, кој може да значи голема разлика, така што не ја потценувајте моќта на овој плод. Боровинките се моќен антиоксидант, а нивното дејство на имунитетот е посилно од повеќето други видови овошје и зеленчук.
3. Намалете го внесувањето на преработени јаглехидрати и шеќери
Кога станува збор за зајакнување на природниот имунитет, избегнувањето на негативното е исто што и додавањето на позитивното. Преработените јаглехидрати и шеќерите ги хранат лошите бактерии во цревата и придонесуваат за воспаленијата. Затоа намалете го внесувањето на тестенините, лебот, колачите и соковите.
4. Движење и вежбање, што е можно повеќе
Поттикнете ги децата да се занимаваат до тимски спорт. Ако вашете дете сепак не е за таков вид на спорт, одвојте секој ден одредено време и поминете го во активна игра со детето. Повеќе студии потврдија дека вежбањето го јакне имунитетот.