Американскиот доктор Карлос Гонзалес, автор на книгата „Моето дете не сака да јаде“ советува како да се надмине проблемот со помош на неговата метода, која се заснова на тврдењето дека не постојат пребирливи мали деца, туку само родители со нереални очекувања.
– Ако вашето бебе не јаде, во тоа нема ништо лошо и не постои причина да бидете вознемирени. Единствениот проблем е тоа што вие очекувате вашето бебе да ја јаде токму одредената храна и што сте загрижени дека не внесува доволно храниливи материи. Моите методи го ублажуваат и елиминираат стресот на многу родители, особено оној кој јавува за време на оброкот, наведува д-р Гонзалес.
1. Контролирајте ја тежината на бебето
На овој начин ќе се уверите дека не постои значајно намалување на тежината на бебето и оти бебето е целосно здраво.
2. Престанете да го форсирате бебето да јаде
Дадете му на бебето малку повеќе од половина од вообичаениот оброк и дозволете му да јаде само. Нема да се чуствувате лошо ако поголемиот дел од оброкот не биде изеден.
Ако детето сепак се изеде, дадете му уште малку храна. Доколу после некое одредено време храната остане недопрена, оброкот е завршен и можете да ја тргнете чинијата. Во првите неколку денови бидете фексибилни – тргајте и враќајте ја чинијата со храна.
3. Измерете ја телесната тежина на бебето после неколу денови
Помалите осцилации во тежина се нормални. Доколку вашето бебе не изгуби повеќе од десет отсто тежина, можете да продолжите со оваа програма. Меѓутоа, ако ослаби повеќе од тоа, вратете се на она што порано сте го работеле и бебето ќе ја врати изгубената тежина.