Совети што треба да ги примените доколку вашето дете одбива да спие преку ден

Од:

Колку ќе спие вашето дете зависи од неговата возраст. 

Новороденчињата спијат поголемиот дел од денот, бебињата постари од шест месеци спијат два часови предпладне и два часови попладне, додека дечињата постари од четири-пет години често целосно се откажуваат од спиењето преку ден, но навечер спијат околу 12 часови во континуитет. 

Така вели теоријата, но во праксата работите секогаш не се такви. 

На многу родители им е тешко да го убедат нивното дете за дневно спиење. 

Доколку секој ден и вие се соочувате со оваа ситуација, еве неколку совети кои може да ви бидат од корист. 

1. Покажете им на бебињата дека започнува времето за спиење така што ќе го пригушите светлото, ќе го исклучите телевизорот, ќе пуштите балади, ќе им прочитате некоја приказна – рутината нека биде секој ден иста со цел детото да сфати дека тогаш треба да спие. 

2. Кај постарите деца, ако одбиваат да спијат, пробајте да ги наговорите на тивка игра или читање сликовница во кревет – често од тоа ќе заспијат и сами. 

3. Направете опуштена атмосфера 30 минути пред спиење. Кога ќе дојде времето за спиење детето треба да биде нахрането и да започне пополека да се опушта. 

4. Не го претворајте времето за сон во борба. Имајте на им дека е важно квалитетното спиење – половина час квалитетен сон повеќе значи од два часовни немирно „вртење“ во креветот. 

5. Пробајте да создадете рутина и направете ја со позитивно искуство за детето да може да го прилагоди распоредот ако се спроведува секојдневно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска