Молекулите издвоени од авокадото можат да бидат ефикасни против матичните клетки на акутната миелоична леукемија (АМЛ), пишува стручното списание „Cancer Research“.
Станува збор за липиди кои можат да ги нападнат матичните клетки на овој облик на леукемија, без последици по околните здрави клетки, објавија канадски истражувачи од Универзитетот Ватерло.
Матичните клетки на акутната миелоична леукемија се клучни за појава и прогресија на болести и нејзино враќање по временото успешно лекување.
Новите наоди ги поттикнале научниците на подготовка на клинички истражувања, но потенцијален лек нема да биде достапен уште години.
Петгодишното преживување на акутната миелоична леукемија зависи од прогностички фактори и варира од 15 отсто до 70 отсто.