Сопственикот на „Ворнер Мјузик“ најбогат во Велика Британија

Од:

Сопственикот на „Ворнер Мјузик“, Лен Блавтник, со богатство од 13,1 милијарди фунти е најбогатиот човек во Велика Британија, покажува најновата листа на илјада најбогати Британци, што традиционално ја подготвува неделникот „Сандеј тајмс“.

Блавтник годинава успеа за малку да ги надмина индиските браќа Сри и Гопи Хиндуџа, чие богатство се проценува на 13 милијарди фунти.

Вкупното богатство на најбогатите илјада поединци и семејства кои живеат во Велика Британија, сега е за повеќе од двојно поголемо во изминатите десет години и изнесува дури 547 милијарди фунти.

Британската кралица Елизабета, која беше на првото место на листата на најбогатите во 1989 година, кога листата прв пат беше направена, сега е далеку од врвот и не е рангирана ниту меѓу првите 300 најбогати Британци, што е прв пат во изминатите 26 години.

Според листата на „Сандеј Тајмс“ во Британија сега има 117 милијардери. Минатата година имаше 104 „супер богаташи“. Вкупно 80 од нив живеат во Лондон и неговата околина.

Лен Блавтник е Украинец по потекло и неговиот бизнис и богатство се состои од суровини, како што се металите и нафтата, до музичката продукција и дигиталните медиуми.

Тој и неговото семејство живеат во Лондон, во куќа која се проценува на 41 милиони фунти. За Универзитетот во Оксфорд досега има дадено 75 милиони донации.

Рускиот олигарх Роман Абрамович, сопственик на лондонскиот фудбалски клуб „Челзи“, кој некогаш беше на врвот на оваа листа на најбогатите, овој пат е на десеттото место со богатство од 7,2 милијарди фунти, што е за 1,2 милијарди помалку во споредба со минатата година.

Британскиот „супер богаташ“ и сопственик на компанијата „Вирџин“, која обединува многу сектори во производството, инввестициите, транспортот и финансиите Ричард Брансон е на 20. место, со богатсво од 3,6 милијарди.

Аналитичарите кои учествуваат во изработката на листата објаснуваат дека за да се влезе во листата на илјада најбогати во Велика Британија е потребно минимално богатство од 100 милиони фунти. Во 1997 година за влез во листата беа потребни само 15 милиони.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство