Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга Исидора претходната вечер се скарале, што резултирало со пријава на Сергеј за насилство, потоа разговор во полиција, поднесување кривична пријава против Исидора и одлука за нејзина депортација од Србија.
Актерот Сергеј Трифуновиќ синоќа ја пријавил сопругата Исидора Трифуновиќ (Мијановиќ) за насилство, објавија медиумите.
Според медиумите, Трифуновиќ и неговата сопруга се скарале, а кога тој рекол дека ќе ја остави, таа почнала да му се заканува.
Се јавил во полиција и рекол дека трпи насилство од сопругата Исидор, која наводно се заканува дека „ќе скрши се во станот“.
Исидора Мијановиќ, моментално е во имиграцискиот центар.
Таа ја напуштила полициската станица и наскоро ќе биде однесена на хрватската граница, каде некој ќе треба да дојде да ја земе.