Сонот – најлесен начин да ги победите стравовите

Од:

Стравовите, како ментална кочница, влијаат на различни начини врз нас во секојдневниот живот. Меѓутоа, сега тие можат да се победат со едноставни трикови, тврдат автори на нова американска студија.

Резултатите од истражувањето, објавени во најновиот број на списанието „Nature Neuroscience“, покажуваат дека емоционалните спомени, особено оние поврзани со стравот, можат да се победат со помош на неколку трикови засновани на добар сон.

Тоа би значело дека за време на сонот може на безбеден начин да се победат различни фобии или да се отстрани посттрауматскиот стрес.

Тим истражувачи, предводен од Кетрин Хонер од Чикаго, соработуваше со 15 учесници на овој проект. Ним им се покажувани фотографии на човек кого не го познавале и при секое прикажување биле подложувани на електрошокови.

Така кај нив со време се развивало чувство на страв од лицето од фотографијата, па организмот на секое следно прикажување реагирал како да се плаши од лицето. Заедно со тоа, при секое прикажување на фотографијата во просторијата во која биле сместени испитаниците е ослободуван карактеристичен пријатен мирис, бидејќи мирисите се во блиска врска со нашите сеќавања на емотивни ситуации и реакции.

Потоа е следено однесувањето на испитаниците за време на спиењето. Во еден момент во текот на нивниот сон, истражувачите пуштале идентичен мирис со оној што е пуштан и при прикажување на фотографијата.

Станало јасно дека е самото пуштање на мирисите, без конкретно прикажување на фотографијата на човекот и електрошоковите, предизвикувало страв кај испитаниците, но со време, со се поголемото присуство на мирисите, чувството на страв слабеело.

Кога и по дремката на испитаниците повторно им е покажана истата фотографија, забележан е значително послаб страв кај испитаниците.

Утврдено е дека новиот третман има најсилен ефект врз испитаници кои најмногу време поминуваат во најдлабок сон кога се процесуираат запомнетите содржини кои се поврзани со емоциите.

– Индивидуалните спомени врзани со чувството на страв и настаните што го предизвикале стравот можат да бидат лоцирани и изменети во текот на сонот, вели Кетрин Хонер.

– Ова, колку што знам, е прв експеримент што покажува дека со емоционалните спомени може да се манипулира во текот на сонот, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска