Најновите истражувања покажуваат дека не само што не треба да се криеме од сонцето, туку и оти е лошо ако не се сончаме. Секако, умерено.
Дерматолозите велат дека не е спорно оти сонцето има негативни ефекти, на пример, влијае на прерано стареење на кожата, но најновите истражувања докажуваат дека не треба ниту да се криеме од него. Тоа ни е потребно подобро да се чувствуваме и да бидеме здрави, тврдат дерматолозите.
Сонцето ни помага во неколку работи: ни дава неопходни дози на витамин Д, ги јакне коските и добро влијае на расположението.
Помалку се чувствуваме тажно и потиштено ако сме на убаво и сончево место.
Што се однесува на заштитата од сонцето, најважно е да не се изложуваме на сонце прекумерно во најтоплите делови од денот.
Можат да се користат креми за заштита, но треба да се знае дека тие не штитат само 60 отсто, така што најдобар совет е да се изложуваме умерено наутро и попладне.
Од друга страна, многу поефикасно е да се штитиме од негативното дејство на сонцето одвнатре, јадејќи намирници кои содржат многу антиоксиданси, како што е доматот, брокулите, црвениот портокал или црното чоколадо.
Совети:
– Не бегајте од сонцето, но и не претерувајте
– Носете шешир, шише вода, темни очила
– Користете крема, но знајте дека таа штити до 60 отсто
– Јадете домати, црно чоколадо, брокули, црвен портокал
– По сончањето, мачкајте ја кожата со балзами (врз база на алги).